Fotovoltai~ni solarni sistemi

Свечено отворање на фотонапонската електроцентрала “Торпедо Солар”, во битолскиот регион

 

DSCN4998Претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, на 20.11.2012 присуствуваа на свеченото отворање на фотонапонска електроцентрала “Торпедо Солар”, во селото Егри, битолско. По онаа во село Гермијан, со моќност од 1MW, која веќе е пуштена во употреба, ова е втора фотонапонска електроцентрала во Пелагонискиот регион.

Оваа електроцентрала е со инсталирана моќност од приближно 1MW, чии фотоволтаични модули се поставени на површина од 2,5 хектари. Инвеститор е фирмата „Торпедо солар ГТ-Битола“, изведувач е бугарската компанија „Солар про холдинг“, додека финансирањето на проектот е овозможено од “Kапитал банка” АД Скопје.

Настанот го отвори г-дин Љупчо Трпезановски, кој заедно со г-дин Драган Герзовски се основачи на фирмата „Торпедо солар ГТ“. На отворањето, со свои говори, учествуваа г-дин Николај Димитров Беров од фирмата изведувач на проектот „Солар про холдинг“ од Бугарија, градоначалникот на општина Битола, г-дин Владимир Талески, како и директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г-дин Гечевски Лазар.

 

Izvor na informacijata Agencija na Energetika na RM   www.ea.gov.mk

 

 

Last revision   25-11-2012