ЗАПИСНИК

од состанок на претседателството на Солар Македонија

одржано на 20 октомври 2011, х.Континентал

 

Присутни: Илија Насов, Мирче Стаменковски, Зоран Трајков, Ѓорѓи Пеев, Славе Армeнски, Влатко Ристов, Сања Поповска-Василевска

 

Предлог дневен ред:

  1. Информација за тековните активности
  2. Обезбедување на поголема поддршка
  3. Членарина кон ЕСТИФ
  4. Разно

 

1) Дневниот ред беше едногласно усвоен.

 

2) Зоран Трајков даде информации во однос на изведената обука на обучувачи на монтери на сончеви топлински и ПВ системи Комора на занаетчии на РМ и Стопанска комора на Кобленц, Германија. Информираше дека во наредните активности се предвидува изведување на обука на монтери во Скопје, а потоа во Пловдив. Оваа обука ќе биде со целосно покривање на трошоците на учесниците, освен за Пловдив каде треба да се платат по 25 евра.

 

Зоран Трајков ги понуди материјалите кои биле обработени на обуката (книги на англиски јазик и презентации на ЦД) да бидат ископирани и расположиви за Солар Македонија.

 

Се дискутираше за потребата од сертифицирани монтери на сончеви системи во Македонија и како тоа да се реализира.

 

Сања ПВ даде информации за отстварена средба со Цепросард и УХМР на која е дискутирано за иднината и потребната помош на тест станицата за сончеви топлински колектори да профункционира.

 

Ѓорѓи Пеев информираше за напредокот со сончевиот топлински систем поставен на пливачкиот базен Карпош.

 

3) Од приоритетна важност е да се обезбеди поголема поддршка за сончевите топлински системи. Потребно е сите присутни да размислат и предложат начини за отстварување на влијание врз донесувачите на одлуки.

 

4) Членарината кон ЕСТИФ сеуште не е платена (за 2009, 2010, 2011). Потребно е под итно да се обезбедат средства и да се платат барем обврските за 2009-та.

На сметката на СМ има 22.000,00 денари и 300,00 евра. Потребни се уште 300 евра за едногодишна членарина.

Дадено е ветување од Пеев, Трајков и Стаменковски дека ќе уплатат на сметката на Солар Македонија сума која можат да си ја дозволат.

 

Во рамките на проектот со АДА од 2009-та, испечатени се книги во повеќе примероци. Со продавање на овие книги можат да се приберат значителни финансии за здружението.

 

5) Под разно се дискутираа идните задолженија и активности на здружението.

 

Записничар

 

СПВ

 

Last revision   25-11-2012